Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во градинките повеќе нема да се употребува мајонез по труењето во Куманово

Во градинките повеќе нема да се употребува мајонез по труењето во Куманово

Мајонезот целосно се исфрла од употреба за храна во градинките. 

Ова го соопштија од Министерството за труд и социјална политика, по труењето на 30 деца  во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Причината за труењето е бактеријата салмонела во мајонез кој се користел  како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од пилешко месо.

Од МТСП ќе направат целосна ревизија на Нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата.

Мострите земени од Агенцијата за храна и ветеринарството, покажале присуство на салмонела во пакување од мајонез. Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека лабораториските испитувања потврдиле салмонела кај 31 дете. Од Општа болница Куманово велат дека децата се во подобра здравствена состојба, на болничко лекување се три од затруените. 

Кујната во градинката останува затворена, а градоначалникот  Максим Димитриевски најави дека ќе бара одговорност за случајот.

foto angelsajce.mk

Слично

Поврзани вести