Во Гостивар во август имало 69 починати од коронавирусот
Во Гостивар има висока бројка на заразени од коронавирусот.
Во четвртиот бран, состојбата била најлоша во август, велат од гостиварската болница. Според евиденцијата на службите во најголемата здравствена установа болницата „Ферид Мурад“, минатиот месец имало вкупно 2.360 новофинцирани, а најмногу во еден ден на лекување биле 120 пациенти. Регистрирани се и 69 лица починати од коронавирусот. Директорот на гостиварската болница, Јакуп Јакупи, за МИА потврди дека, состојбата е значително сè подобра и притисокот на наплив на заболени е намален.
Слично
