Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГОЛЕМ ХАКЕРСКИ НАПАД БИЛЕ НАПАДНАТИ ДВЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ: Пендаровски откри дека повикале помош од странски форензичари

ВО ГОЛЕМ ХАКЕРСКИ НАПАД БИЛЕ НАПАДНАТИ ДВЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ: Пендаровски откри дека повикале помош од странски форензичари

Не откриле дали се спонзорирани од некои држави, но секако биле напади од надвор. Претседателот Стево Пендаровски синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форензичари од внатре и надвор. Било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави.

„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот.

Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави, рече Пендаровски.

Додаде дека се вклучиле и четворица форензичари од западните држави кои рекле дека се тие групите… 

„И големите земји немааат шанси со сигурност да утврдат кои им се мешаат во нивните избори како што е Пентагон на пример. Има индиции дека хакери се мешале и во изборите во Франција, па дури и во Брегзит“, изјави Пендаровски.


Слично

Поврзани вести