Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во голем дел од западна Македонија и натаму над 100 литри дожд

Во голем дел од западна Македонија и натаму над 100 литри дожд

Врнежи од дожд во текот на изминатите четири дена имаше на целата територија на државата, пообилни во Маврово, Пожаране, Тетово, Лазарополе и Дебар.

Според УХМР во Маврово за 84 часа, до 7 часот утрово, измерени се 187 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 150, Тетово и Дебар 137, Лазарополе 130, Охрид 96, Крива Паланка 75, Скопје 65, Тополчани 64, Битола 61, Претор 60, Крушево 59, Ѓуриште 51, Виница 48, Куманово и Берово 46, Дојран и Прилеп 45, Струмица 42, Штип 35, Демир Капија и Гевгелија 32 и  Скопје-Петровец 27 литри.

Синоптичарите за утре најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и студено со услови за слаб снег на планините. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Од вторник утринските температури во најголем дел од земјата ќе бидат под нулата.


Слично

Поврзани вести