Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПРИМЕНИ 18 НОВОЗАРАЗЕНИ ДЕНЕСКА ВО НАЈТЕШКА СОСТОЈБА: 100 пациенти се на кислородна поддршка

ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПРИМЕНИ 18 НОВОЗАРАЗЕНИ ДЕНЕСКА ВО НАЈТЕШКА СОСТОЈБА: 100 пациенти се на кислородна поддршка

Само во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти заразени со корона вирусот, а според директорот на болницата, д-р. Христијан Костов, тие се донесени во најтешка, животозагрозувачка состојба. За Фактор вели дека веднаш по приемот на некое од одделенијата во Ковид-центарот, ваквите пациенти веднаш ги ставаат на кислородна поддршка или на респиратор.

-Ги носат со сатурација од 30 до 40, односно тоа е концентрација на кислород во крвта, што значи дека практично не можат да дојдат во воздух. Досега огромен број од колегите апелираа, а еве јас и денеска повторно ќе порачам дека граѓаните не смеат дома да се лекуваат одреден период и да чекаат да бидат донесени кога е предоцна. Од вкупниот број пациенти 100 се на кислородна поддршка, а 17 се на респиратор, вели д-р. Костов.

Нагласува дека во моментов има 140 хоспитализирани пациенти, со што ГОБ „8 Септември“ претставува најголем Ковид-центар во Македонија, каде повеќе од 3 и пол месеци здравствените работници и останатиот персонал деноноќно се во битката за спасување животи.

-Би можел да кажам дека имаме капацитет за уште 100 болнички кревети, но персоналот е на крај на силите. Имаме засилување и од останатите медицински центри од земјава, но тие се кај нас само две недели, а за тој период едвај може да се снајдат низ болничките ходници. Апелирам да бидат распоредени барем еден месец, за да може кадарот да се одмори, вели директорот на ГОБ „8 Септември“.

А.Б.


Слично

Поврзани вести