ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ Е ДОНЕСЕН НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД ТЕТОВО: Цела ноќ подготвени чекавме, вели Костов
Медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“ целосно подготвен чекаше да прими пациенти од Тетово по големата трагедија во која целосно изгоре модуларната болница, но оттаму не пристигна ниту еден.
-Повикав екипи, медицински сестри, болничари и лекари и целосно се подготвивме да примиме пацинти од тетовката модуларна болница која вчера вечерта целосно изгоре, но тука не донесоа ниту еден. Тука имаме 99 ковид-пациеднти, но во ваква тешка ситуација подготвени сме веднаш да примиме уште 10 на кои им е неопходен болнички третман и тоа во одделенијата каде имаме центѕрален довод на кислород. Доколку има потреба да се примат и повеќе пациенти, подготвено е Одделението за абдоминална хирургија, и таму иако нема центѕрален довод на кислород, имаме доволно боци за сите пациенти на кои им е потребвна кислородна поддршка, посочо диртекторот на болницата, д-р Христијан Костов.
Во пожарот кој за само 15 минути целосно ја пеплоса модуларната болница во Тетово, ОЈО потврди дека има 14 жртви, но велат дека можно е да има и повеќе.
Денеска во 10 часот е закажана и седница на Владата, по што се очекуваат и подетални информации.
А. Б.
