Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ГОБ „8 Септември“ 120 пациенти, на Инфективна 84 - се полнат одделенијата во внатрешноста

Во ГОБ „8 Септември“ 120 пациенти, на Инфективна 84 - се полнат одделенијата во внатрешноста

Се пополнуваат капацитетите во болниците во земјава.

Според податоците од установите, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле заклучно со вчера беа хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот. 

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. 

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Слично

Поврзани вести