Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГЕНЕРАЛКАТА НА ОРЦЕ СЕ ПРИКЛУЧИ И ГЕРАСИМОВСКИ: Градоначалникот на Центар не се одвои од акцијата

ВО ГЕНЕРАЛКАТА НА ОРЦЕ СЕ ПРИКЛУЧИ И ГЕРАСИМОВСКИ: Градоначалникот на Центар не се одвои од акцијата

Во синоќешната генерална која ја спроведе градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со другите градоначалници на скопските општини, се приклучи и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Вечерва, со Град Скопје почнавме голема акција за чистење на Центар. Во акцијата е вклучена целата механизација на општината и сите наши вредни хигиеничари ќе го чистат сметот од контејнерите, улиците и булеварите. Упатувам голема благодарност за секој еден хигиничар кој секојдневно ја докажува својата грижа за Центар. Да ја чуваме чистотата, тоа е наша заедничка одговорност!“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести