ВО ФУНКЦИЈА СЕ СИТЕ ЧОВЕЧКИ И ТЕХНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ: МВР вели отворени се 5 ленти за побрз проток на патници на Богородица
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р.Грција.
Велат дека отворени се пет ленти за излез од Р.С.Македонија и пет ленти за влез во Р.С.Македонија.
„Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки“, велат од МВР.
Слично
