ВО ФАКТОР24 ВЕЧЕРВА ЌЕ ГЛЕДАТЕ: Интервју со академик Абдулменаф Беџети, за приоритетите на идната влада, сторија Марко Чаласан по смртта на неговата мајка
За политичкиот ривалитет меѓу двете најголеми македонски партии, за корпусот на барања кои ги испорачаа албанските лидери. Политичка, експертска, концентрациона, Влада на широка коалиција што е најдоброто решение по ваквиот изборен резултат?
Дали премиер на идната Влада може да биде Албанец?
Името на академик Абдулменаф Беџети се споменува како можен мандатар за состав на идната Влада. Би прифатил универзитетскиот професор, член на МАНУ, екс министер и поранешен лидер на ПДП да биде премиер ?

Кои треба да бидат приоритетите на идната Влада - економијата, правосудниот систем, евроинтеграциите.. ? Универзитетскиот професор Ило Трајковски зборува за демократизацијата на општеството и за капацитетот на политичките елити.
Државата како најголем работодавач и најголем должник е лош стопанственик, смета бизнисменот Горан Рафајловски. Идејата за гененерален реизбор на судиите е меч со две острици, оценува Николчо Лазаров, адвокат, екс претседател на Основен суд-Штип и поранешен шеф на кабинет на министерот, Михајло Маневски. Компјутерскиот Моцарт, Марко Чаласан по смртта на неговата мајка Радица во Фактор24 .

Фактор24 вечерва во 22.30 часот на 24Вести
фактор24 е телевизиски проект на веб порталот Фактор во соработка со 24 Вести
