Во фабрика во Кавадарци пронајден починат возач
Починато лице во возачка позиција e пронајдено синоќа во товарно возило во кругот на кавадаречка фабрика.
Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Станува збор за 62-годишно лице, кое управувало со возилото. На телото немало видливи траги на насилство. Teлото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Слично
