ВО ЕВРОПА УШТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ МЕЃУ СЕБЕ ЗА ЗЕЛЕНИОТ ПАСОШ - како ние ќе патуваме во европските држави
Лидерите на ЕУ не успеаја да ги завршат преговорите за воведување на дигитални зелени сертификати, кои би започнале со спроведување на планот за витално спасување на претстојната туристичка сезона, но преговорите ќе продолжат утре, пишува Индекс.хр.
„Европратениците од Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки ќе продолжат со преговорите во четврток“, велат од португалското претседателство со ЕУ.
Дигиталниот сертификат би можел да им овозможи на граѓаните на повеќе земји на ЕУ да патуваат во рамките на Унијата кон крајот на јуни, дури и кога продолжува да трае пандемијата на коронавирусот, како и додека постои загриженост за нови видови на овој вирус.
Таканаречениот дигитален зелен сертификат ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано против ковид-19, дека има негативен резултат од тест или дека ја прележало болеста.
Ова беше воведено за да се избегне дискриминација на лицата кои не можат да се вакцинираат.
Целта на потврдата е што побрзо укинување на мерките што се во сила во моментот кога станува збор за патување меѓу земјите.
Сепак, на секоја од 27-те земји-членки е да одлучат кои придобивки ги носи сертификатот во рамките на нивните граници.
Германската европратеничка Корнелија Ернст рече дека „европратениците не успеаја да се договорат за клучни прашања“.
„Дискусиите продолжија да се вртат околу клучните точки, како што е барањето на Европскиот парламент за пристап до бесплатни тестови за сите“, рече Ернст по разговорите.
Европратениците исто така одбија да им овозможат на одделни земји на ЕУ можност да воведат свои ограничувања за влез од други земји на ЕУ, дури и ако имаат дигитален зелен сертификат.
Извршната управа на ЕУ го претстави својот предлог за дигитален зелен сертификат уште во март.
Грција веќе ги олесни условите за влез за вакцинирани странци, а Шпанија им дозволува на туристите од ЕУ да влезат под услов на негативен тест.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, една шестина од возрасната популација на Европската унија сега е вакцинирана со обете дози.
Целта на Комисијата е тоа да се зголеми на 70 проценти до септември.
Извор и фото: Индекс.хр
