„ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР СЕ ВРТАТ МЕЃУ ТРИ И ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ГОДИШНО“: Марко Бислимоски во „Бизнис муабети“
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во најновото издание на поткастот на Фактор - „Бизнис муабети“, отворено зборува за повеќе теми, почнувајќи од високите сметки за струја за кои голем број граѓани се пожалија, но и за идните планови за воведување нови броила, како и финансиите кои „се вртат“ во бизнисот со енергенсите.
- Вообичаено кога зборуваме за цените на струјата, особено во периоди кога има промена на цените, се случуваат проблеми, бидејќи има и така наречено предвидување на потрошувачката. Доколку граѓаните не се задоволни од сметките, треба прво да ги обжалат во ЕВН Хоум, па доколку не се задоволни од одговорот, да се пожалат и во Регулаторната комисија за енергетика. Од она што го гледаме од почетокот на годината, веќе имаме 350 претставки, кои не се поднесени согласно процедурата, но официјално имаме 99 претставки годинава за фактурите испорачани за цените на енергијата за јануари оваа година. Сите нив ги разгледуваме, и врз основа на податоците од електродистрибуција ќе донесеме одлуки кои ќе бидат задолжителни за ЕВН Хоум. Но, морам да потврдам дека има проблеми поради предвидувањето на ЕВН Хоум, но тоа ќе биде процесуирано, и ќе бидат донесени одлуки соодветни за ситуацијата - вели Бислимоски во „Бизнис муабети“.
Високите сметки за струја меѓу граѓаните создадоа револт, но Бислимоски гарантира дека ЕВН Хоум ќе направи корекциони сметки и дека граѓаните нема да платат повеќе од она што потрошиле согласно тарифниот систем. Воедно првиот човек на РКЕ најавува и новина кога станува збор за читањето на саттите за потрошувачка на електрична енергија.
Во најновото издание на „Бизнис муабети“, колегата Мишко Иванов со претседателот на РКЕ, Бислимоски зборува на многу теми. Колку пари се вртат во бизнисот со енергенси во Македонија, при што Бислимоски открива дека во бизнисот со енеренсите, вклучително и струјата, гасот, нафтените деривати се вратат од 3 до 4 милијарди евра, но и дека Македонија мора да види што ќе прави со енергенси во иднина, зашто геополитичките игри се непредвидливи?
По вонредната корекција на цената на парното, Иванов очекувано праша „дали е можна вонредна корекција и на цената на струјата“. А во ова издание се разговараше и за играчите на пазарот со струја, физичкиот инцидент со синот на Муса Џафери...
Сите детали од разговорот меѓу Мишко Иванов и Марко Беслимоски во „Бизнс муабети“ на Фактор.мк во продолжение:
