ВО ЕДЕН ГРАД ИМА И СНЕГ: Kаде утрово е најстудено во Македонија?
Утрово најстудeно е во Берово и Лазарополе.
Во Берово и Лазарополе утрово се измерени - 8 степени, а максимални температури од два степени имало во Гевгелија и Дојран.
Измерени се -6 степени во Крива Паланка и Скопје Петровец, -5 во Штип, Битола, Претор и Куманово, -4 во Пожаране, Тетово, Крушево, Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Охрид и Демир Капија, -3 е во Виница, а -2 е во Тополчани и Ѓуриште.
Висината на снежната покривка во Крушево е два сантиметри.
Утрово врмето е ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер од северозападен правец, особено на повисоките места и планините.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец.Температура ќе се движи од шест до 12 степени.
