Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во два македонски града се пронајдени мажи починати во домовите

Во два македонски града се пронајдени мажи починати во домовите

Двајца мажи вчера се најдени починати во своите домови во Гостивар и Демир Капија. 

Во полициска станица во Неготино родител пријавил дека го пронашол починат својот 33-годишен син, во семејната куќа на улица „Радњанска“ во Демир Капија.

Во гостиварската полиција маж пријавил дека во куќа на улицата „ЈНА“ го пронашол починат својот 68-годишен татко. 

Според пријавеното, тој имал претходни здравствени проблеми.

Во двата случаи увид извршила полицијата и медицинска екипа. 

Телата на двајцата починати се предадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Слично

Поврзани вести