Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

Дермократската унија за интеграција е повторно вознемирена од олигарсите и прашува кои од нив ги штити власта. Оваа парфтија која сега е во опозиција бара да се изврши ревизија на приватизацијата, односно, терминот што тие го употребуваат е деолигархизација.

„Сè појасни се сигналите од Европската Унија дека деолигархизацијата е неопходен чекор за демократизација и напредок на нашата држава. Затоа, повторно прашуваме: кои олигарси ги штити оваа влада? Чии интереси стојат зад нејзиниот упорен молк? Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани. Токму тие се виновни за продлабочувањето на економската и социјалната неправда, како и за создавањето на систем кој им служи само ним, на сметка на иднината на сите останати“, соопшти ДУИ.

Оттаму велат дека ревизијата на процесот на приватизација е неопходна, се додава во соопштението.

„Тоа не е само барање, туку обврска кон граѓаните кои со години се жртви на неправедните и корумпирани практики што ја доведоа нашата економија во оваа состојба. Ги повикуваме институциите веднаш да преземат чекори за деолигархизација, а Владата да престане да биде заробена од спонзорствата на овие олигарси“, се вели во соопштението.

Наместо да ги штити нивните привилегии, додава ДУИ, Владата мора да покаже одговорност и да го усвои законот за рестриктивни мерки како прв чекор кон враќање на владеењето на правото и економската праведност.

„Деолигархизацијата не е избор, туку услов за напредок на нашата земја кон вистинска демократија и интеграција во Европската Унија. Време е Владата да ги стави интересите на граѓаните пред личните и интересите на олигарсите“, побара ДУИ.

Слично

Поврзани вести