Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ДУИ СЕ СКАНДАЛИЗИРАНИ ОД ТАРАВАРИ - бараат да се извини и јавна осуда за него затоа што го цитирал Хитлер на фејсбук

ВО ДУИ СЕ СКАНДАЛИЗИРАНИ ОД ТАРАВАРИ - бараат да се извини и јавна осуда за него затоа што го цитирал Хитлер на фејсбук

Демократската унија за интеграција излезе со жестока реакција на фејсбук-статусот на градоначалникот на Гостивар од Алијанса за Албанците Арбен Таравари, бидејќи го спомнал германскиот нацистички диктатор Адолф Хитлер. 

Ова партијата на Али Ахмети го напиша на својата фејсбук страница. 

Во својата објава од ДУИ ја повикуваат академската заедница, медиумите, новинарите и невладините организации да ја осудат објавата на Таравари.

Тие велат дека оваа изјава на Таравари е скандалозна, бараат да се извини и веднаш да ја избрише објавата.

„Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна и бесмислена и провокативна метафора напишана на неговата веб-страница на Фејсбук. Таравари бесрамно го цитира Хитлер. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари. Ваквиот став на Арбен Таравари кој има нема место во нашето општество“, напишаа од ДУИ на веб страницата на партијата.

А, еве што всушност напиша гостиварскиот градоначалник и висок функционер на Алијансата на својот фејсбук профил. 

„Втората светска војна можеше да заврши порано и можеше да се спасат многу животи кои беа збришани како резултат на нејзиното лудило. Во време кога Хитлер почнал да се намалува донекаде во воената моќ и мапата на неговите освојувања почнала да се распаѓа, еден од неговите команданти го информирал за овие работи и го замолил да се повлече од војната затоа што биле убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца. Хитлер категорично му се спротивставил со: ‚Затоа што народот гласаше за нас, сега нека трпи смрт!'“, напишал во својот статус Таравари.

Слично

Поврзани вести