Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВО ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА ГЛЕДАМ ТРИ ЧЛЕНА КОИ СЕ СПРОТИВНИ НА ПРАВНИОТ ПОРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска направи анализа на договорот за стратешко партнерство

„ВО ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА ГЛЕДАМ ТРИ ЧЛЕНА КОИ СЕ СПРОТИВНИ НА ПРАВНИОТ ПОРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска направи анализа на договорот за стратешко партнерство

Професорката Мирјана Најчевска направи анализа на договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, кој неодамна беше потпишан.
„Во договорот со Британија гледам три члена кои се спротивни на правниот поредок на Македонија.

Прво, членот 4 со кој е предвидена доверливост на информациите кои ќе се разменуваат меѓу двете страни.

Според нашиот закон за класифицирани информации (член 8):

“Класифицираната информација со степен „ДОВЕРЛИВО“ е информација создадена од државните органи, органи на единиците на локалната самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие

неовластено откривање би предизвикало сериозна штета за важните интереси на Република Македонија.“

ВО ДОГОВОРОТ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ ИЛИ РАЗУЗНАВАЧКИ АКТИВНОСТИ, што значи дека е ова сосема произволно ставено со цел да се заштитат криминални дејствија на власта.

Второ, членот 5 со кој е предвидена можност за правење измени без соодветна процедура (односно само со потпис од претставник на Владата) со што се исклучува Собранието и се овозможува произволно менување на договорот спротивно на интересите на граѓаните.

Трето, членот 6 според кој не се создаваат никакви законски обврски, што во комбинација со членовите 4 и 5 значи дека Владата може да прави што сака и како сака со добиените пари, без никаква одговорност за тоа пред граѓаните.

Фактот дека во договорот не е предвидена арбитража во случај на конфликт, само го зацврстува отсуството на било каква одговорност и отчетност пред граѓаните.

Уште повеќе, што во членот 6 е предвидено донесување закони со кои би се озаконила отпосле било која активност која е спротивна или надвор од актуелната законска регулатива, со што се создава потполн правен хаос погоден единствено за крадење и измами, а никако и за работа во корист на граѓаните.

Луѓе, како што реков, ние веќе не живееме во држава туку во територија која ја управуваат криминални банди“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести