ВО ДИК СЕ „ФАЌААТ ЗА ГУША“: Бонева не сака да си го троши времето на приговори
Приговорите кои ги поднесе партијата на Движењето БЕСА за повеќето членови во ДИК се неприфатливи, неосновани и трошење на време.
Атмосферата меѓу членовите е доста тензична.
„Џабе трошиме време на неосновани приговори“, рече Силвана Бонева.
Таа смета дека приговорите се поднесени само за да се направи промена во бројот на мандати.
„Овие приговори се апсолутно без предмет“, ДИК ниту дели ниту одзема мандати, таа ја поддржува законитоста на изборите . Приговорите на БЕСА се без основа и нема простор толку да се дебатираат“, вели Бедредин Ибраими .
Првиот приговор за избирачко место во општина Арачиново беше одбиен затоа што од Беса не доставиле докази пред истекот на рокот. Да не го прифатат приговорот, членовите на ДИК одлучија со седум гласа „против“ и со два гласа „за“.
Виолета Дума, член на ДИК од СДСМ, сметаше дека приговорот е навремен, дека ги содржи елементите на приговор и дека треба да се прифати изјавата заверена на нотар затоа што нотарот е државен орган на кој треба да му се верува.
Досега се отфрлија четири приговори на БЕСА.
