Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ДИК ОСТАНА САМО АСАНИ САЛИЈА ОД БЕСА: Oставките на другите членови пратени во Собрание

ВО ДИК ОСТАНА САМО АСАНИ САЛИЈА ОД БЕСА: Oставките на другите членови пратени во Собрание

Ермира Асани - Салија од БЕСА е единствен член на Државната изборна комисија кој не поднела оставка. 

Таа влезе во ДИК по предлог на БЕСА која има 5 пратеници во Собранието. 

Оставките на 8 членови на ДИК се пратени во Собранието и треба да бидат констатирани. Собранието во рок од три дена е должно да ги констатира оставките по што треба да распише оглас за избор на нови членови – дел на предлог на политичките партии, дел, како професионалци, ќе се избираат на јавен оглас. 

Асани рече дека не се чувствува одговорна за одлуката за делење високи бонуси. Асани е најнов член на ДИК и дојде на местото на Бедредин Ибраими од ДПА. Оставките следеа по критиките во јавноста откако амбасадорот на САД, Џес Бејли јавно кажа ДИК на нетранспарентен начин си доделувала бонуси.

Дел од членовите на ДИК по откривањето на скандалот се правдаа дека работеле прекувремено и дека ги заслужуваат парите. 

Слично

Поврзани вести