Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во девет градови нема заболени од коронавирусот

Во девет градови нема заболени од коронавирусот

Расте бројот на градови каде нема заболени од коронавирусот. 

Во девет општини во Македонија нема активни случаи на коронавирусот. Заболени нема во Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран. 

По 1 активен има во Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево, Валандово, а по 2 во Гевгелија, Крива Паланка, и Дебар.  Штип, Велес, Неготино, Демир Хисар и Кратово имаат по 3 активни случаи на коронавирусот. 

Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а евидентирани се 15 нови случаи на КОВИД-19.  Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.

Во земјава се укина полицискиот час, поради подобрување на епидемиолошката состојба. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести