Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во демократска атмосфера се гласа во Теарце

Во демократска атмосфера се гласа во Теарце

Во демократска атмосфера се гласа денеска на избирачкото место 2011 во Теарце.

Прегласувањето засега се одвива мирно и без проблеми.  714 гласачи запишани на ова избирачко место ќе пресудат каков ќе биде конечниот резултат на предвремените парламентарни избори од 11 декември. До 10 часот гласаа 10% од избирачите. Изборниот процес го следат повеќе набљудувачи. 

Поради дефект на УВ ламбите избирачкиот одбор петнаесетина минути го прекинал гласањето. Потоа се донесени нови ламби. Во 13 часот Државната изборна комисија (ДИК) ќе соопшти нови податоци за излезноста на гласачите. 

Во Теарце гласањето се повторува затоа што ДИК констатираше неправилности. 

Слично

Поврзани вести