Во делови од Македонија попладне ќе има нестабилност
Попладне на југоистокот од Македонија ќе има краткотрајна нестабилност.
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. УВ индексот ќе биде 8. Температурата ќе се искачи до 38 степени.
До понеделник ќе се задржи многу топло време и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе се намалат за неколку степени.
Слично
