Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во декември предвидена градба на над 400 станови

Во декември предвидена градба на над 400 станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 се издадени 333 одобренија за градење што е за 0.9% помалку во однос на истиот месец лани. 

Во овој период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41 887 м2.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 433 793 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.  Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.7%) за објекти од нискоградба и 95 (28.5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 333 објекти, на 221 (66.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (33.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

За споредба во ноември лани беше предвидена изградба на 985 станови со вкупна корисна површина од 86 342 м2. 

Слично

Поврзани вести