Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ДЕБАР НЕ СЕ ДИШЕ: Со часови гори градската депонија

ВО ДЕБАР НЕ СЕ ДИШЕ: Со часови гори градската депонија

Од синоќа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа навлегоа дури и во домовите на граѓаните од градот. Таму веќе не се дише.  Во гаснењето се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард” со сопствена механизација.

„Пожарот е забележан еден час пред полноќ. Зафатена е поголема површина. Наши две екипи со возила се вклучени во гаснење на пожарот, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

Ова не е првпат депонијата да гори. Тоа се случи неодамна, кога причина, според одговорните во „Стандрад” биле високите температури.

Сепак сега не се знае дали е врем,ето или човеќки фактор. 

Граѓаните реагираат дека низ градот не се дише и дека дома седат со затворени прозорци. Велат дека причина, повеќе од сигурно е човечки фактор и дека депонијата е потпалена во доцните вечерни часови.

Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато”.


Слично

Поврзани вести