Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Дебар и Центар Жупа 11 луѓе во самоизолација

Во Дебар и Центар Жупа 11 луѓе во самоизолација

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. 

Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација на ова подрачје и извршени се 96 контроли врз овие лица. 

„Според мерките предвидени во оперативниот план, полициските службеници реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди“, информираат од полицијата. 

Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. 

„Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти“, информираат оттаму. 

Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Кризната состојба за ова подрачје ќе заврши, и неизвесно е дали ќе биде продолжена. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести