Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Дебар девет годишно момче, во Крива Паланка 19 годишник го фати крстот

Во Дебар девет годишно момче, во Крива Паланка 19 годишник го фати крстот

Деветнаесетгодишниот Дарко Тошевски е среќникот, кој меѓу четириесетмината пријавени го извади крстот од водите на Крива Река на денешниот богојавленски водосвет во Крива Паланка.

Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици започна со Света божествена Богојавленска литургија во црковниот храм Св.Великомаченик Димитриј, со која чиноначалствуваше свештенството од Кривопаланечкото архиерејско намесништво.

По литургијата, литијата од црквата пристигна до големиот мост на Крива Река каде по осветувањето на водите во реката беше фрлен светиот крст.

Годинава по крстот скокаа најголем број досега пријавени учесници, вкупно четириесет, а Тошевски, кој беше меѓу најмладите од нив, беше најсреќен.

– Прв пат скокам по крстот, долго време имав желба да уечствувам и пресреќен сум што ми се посреќи, рече Тошевски, заблагодарувајќи се на подароците од локалната самоуправа и од останатите.

Деветоодделенец го фати крстот во Дебар

Деветоодделенецот Христијан Јаковлевски е најсреќниот од трите момчиња кои денеска скокнаа по светиот крст во Дебар.

– Пресреќен сум. Првпат го фаќам светиот крст. Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите, мир и благосостојба во целиот свет. Бог се јави, за многу години да ни е овој голем празник, изјави Јаковлевски.

Светиот крст во базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“, го фрли намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски.

На  богослужбата и фрлањето на крстот присуствуваа поголем број дебрани кои живеат во други градови во државата и надвор од неа.


Слично

Поврзани вести