Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Данска нема прекувремена работа, шефовите задоволни

Во Данска нема прекувремена работа, шефовите задоволни

Данците не остануваат подолго на работа, затоа што за тоа можат да добијат лекција за неефикасност, а не пофалба, пишува Хелен Расел, британска новинарка која живее во Данска.

Таа во 2013 година се преселила во Данска, и била зачудена што сопругот се враќа точно навреме од работа, а  во петок дури и порано во 14.30 часот. Иако биле навикнати да работат прекувремено и да немаат слободно време, сепак се навикнале на дисциплината во Данска и јасно им е зошто на сите листи, Данска е омилено место за живеење.

Работното време во Данска е од 8 до 16 часот, се работи 37 часа неделно, а едно скорешно истражување покажа дека просечен Данец работи 33 часа неделно. Во земјата на цена е балансот меѓу приватниот живот и работата.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 8 часа дневно работа носи стрес, а Данците тоа го почитуваат и затоа нема прекувремена работа.

Слично

Поврзани вести