Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црешево синоќа е затворен локал кој работел по дозволеното време

Во Црешево синоќа е затворен локал кој работел по дозволеното време

Во Црешево синоќа е затворен локал кој работел по дозволеното време, a приведени се 6 лица. 

Локалнот не ги почитувал протоколите за заштита од ковид-19 и работел по дозволеното време – 21 часот, открила полицијата и Државниот пазарен инспекторат. Контролата е извршена синоќа после 23 часот, и е констатирано дека локалот не е регистриран. Во него биле пет лица и сопственикот, при што сите се приведени.

„Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од МВР.

Ова не е прва акција на надлежните овој викенд. Вчера од полицијата информираа за уште три вакви слични случаи.

Слично

Поврзани вести