Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Чучер Сандево пронајдено автоматско оружје по пријава за семејно насилство

Во Чучер Сандево пронајдено автоматско оружје по пријава за семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје нареди истрага против лице кај кое било пронајдено автоматско оружје, откако претходно бил пријавен од сопругата за семејно насилство.

Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција со калибар 9 mm Para соодветна за испалување од тоа автоматско оружје.

Пред два дена полицијата извести дека С.К.(56) со нож им се заканувал на сопругата и ќерките во вечерните часови и дека искршил дел од покуќнината.

„Оружјето и муницијата биле пронајдени во домот на осомничениот, откако неговата сопруга  за тоа ги известила полициските службеници кои дошле во домот по пријава дека осомничениот и се заканувал нејзе и на нивните две ќерки родени 2006 и 2010 година дека ќе ги убие. Најпрво закани упатувал кон жената дека ќе ја запали, а потоа ја искршил покуќнината и со нож им се заканил и на ќерките. Поради ваквите дејствија со кои предизвикал чувство на загрозување и страв кај оштетените, тој е осомничен и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, извести ОЈО.

Слично

Поврзани вести