Во чии раце Шилегов ја фрли топката за дислоцирање на спомениците дивиоградби ?
Таткото на град Скопје кажа дека нема ингеренции во дислоцирање на дивоградбите и оти согласно легислативата таа надлежност е во раце на општина Центар.
Петре Шилегов како што кажа, очекува соодветните органи во соодветни постапки да и донесат решенијата и согласно нив понатаму ќе биде статусот на тие дивоградби.
Според Шилегов, проектот „Скопје 2014“ и неговата нелегалност е видлива и додаде оти за тоа зборувале и кога биле опозиција а како што потенцираше под „капа“ на град Скопје се пет споменици.
-Од тие веќе еден отстранивме, а за останатите во тек е постапката. Ги имаме и оние чудовишта од галии во коритото на реката Вардар за кои веќе водиме постапка, а јас морам да водам сметка и за буџетските средства и да ја намалам штетата која ќе може да се предизвика на буџетот на Град Скопје-кажа Шилегов.
Посочи и дека постапките и процедурите се прекршени.
-Постојат можности, стручната јавност се изјасни, или да се срушат или да се легализираат. Одлуката веројатно ќе треба да ја донесат надлежните институции и Град Скопје се става на располагање со целиот свој потенцијал да партиципира во носење на таа одлука-кажа Шилегов.
