Во чии раце отиде споменикот на „Александар Велики“
Споменикот на Александар
Македонски кој синоќа беше отстранет од скопскиот аеродром на барање од Владата, сега заминува во рацете на Град Скопје.
Статуата на војсководецот засега ќе биде во магацините на Металски завод заедно со споменикот на Ќосето.
,,Ги завршивме речиси сите работи поврзани со Одлуката на Владата за промена на името на аеродромот. Сите задачи, како дел од овие активности, се направени во рамки на нашите трошоци. По отстранувањето на споменикот, истиот е доставен на надлежните владини институции’’, велат од ТАВ
Се уште останува непознато дали со промените на името на аеродромот и отстранувањето на симболите поврзани со Александар Велики, ќе се остварат и најавите на отворање на авиолинија Скопје – Атина, нешто за што најава имаше уште минатата година кога грчкиот авиопревозник „Еџиан ерлајнс“ соопшти дека компанијата ќе воведе нови авиолинии меѓу кои и директен лет Скопје-Атина.
„Ниту една компанија до сега не побарала дозвола за воспоставување директен лет Атина-Скопје-Атина“, велат од Агенција за цивилно воздухопловство
Споменикот на Александар Велики на аеродромот кој до неодамна го носеше неговото име беше поставен на аеродромот во 2011 година, како подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативен директор на концесионерот „ТАВ“, кој од 2010 година управува со аеродромот.
