Во Чаир се отвора најголемата детска градинка во земјата
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска објави дека е подготвена за отворање најголемата градинка во државата – „Бамби“ во рамките на детската установа „Фидани“.
Денеска се реализираше финалниот инспекциски надзор на новоизградениот објект кој претставува градинка со најголем капацитет на територијата на цела Македонија.
- Објектот е целосно опремен со современ инвентар и модерен ентериер, во целосна согласност со највисоките стандарди за предучилишни установи. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, овој нов институционален објект обезбедува оптимални услови за ран детски развој, безбедност и благосостојба, соопшти оптината.
По завршувањето на градежните активности и внатрешното уредување, во наредните денови се очекува да се организира и свеченото отворање на објектот.



