Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЧАИР ПОЗАДИ ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР ЌЕ НИКНЕ КАТНА ГАРАЖА - веста од Владата прв ја сподели Груби

ВО ЧАИР ПОЗАДИ ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР ЌЕ НИКНЕ КАТНА ГАРАЖА - веста од Владата прв ја сподели Груби

Владата дала зелено светло да се гради катна гаража во општина Чаир, во просторот зад поликлиниката Бит Пазар.
Оваа информација уште пред да ја објави официјално Владата преку соопштение, преку својот фејсбук профил ја соопшти првиот вицепремиер на земјава, Артан Груби. 
Тој напиша дека во општина Чаир ќе се гради катна гаража.

„Во соработка со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, Владата на Република Северна Македонија денеска даде зелено светло за изградба на катна гаража во општина Чаир, односно во просторот зад поликлиниката Бит Пазар.

Со овој чекор на Владата и општина Чаир, нашите граѓани ќе можат да ги паркираат своите автомобили во овој многу фреквентен дел од Скопје, без да ги попречуваат или блокираат јавните простори.

Оваа одлука на владата, општина Чаир треба да ја спроведе согласно Одлуката за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за oпштина Чаир, донесена од страна на Владата“, пишува првиот вицепремиер Груби на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести