Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО БУГАРИЈА СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ: Олеснувања за македонските граѓани

ВО БУГАРИЈА СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ: Олеснувања за македонските граѓани

Бугарската влада донесе одлука македонските државјани од денеска да влегуваат во земјата, но со негативен ПЦР тест, не постар од 72 час.

Истото важо и за уште неколку држави, односно е овозможен влез и за граѓаните на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт со негативен тест за коронавирус.

Украинските граѓани ќе може да патуваат во бугарија за два дена, односно од 30 јули.

Ваквата одлука на бугарската влада е на барање на туристичкиот сектор во земјата, кој сосема слично како и во останатите земји е најпогоден од пандемијата на корона вирусот.

-На барање на туристичкиот сектор, на територијата на нашата земја ќе бидат дозволени туристи од Молдавија, Србија, Кувајт, Израел, Северна Македонија, Албанија, Косово и Украина. Ова ќе биде многу сериозна помош за нашите хотелиери, на кои во моментов им се потребни странци и да го пополнат својот капацитет, рече лидерот на НФСБ, Валери Симеонов на брифингот во Советот на министри.

За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.


Слично

Поврзани вести