„ВО БУГАРИЈА НЕМАМ НИКАКОВ БИЗНИС, АМА БУКВАЛНО НИКАКОВ“ - Љубчо Георгиевски вели дека ова го тврди најодговорно
Не градам во Бугарија, тоа го тврдам најодговорно.
Во поткастот Бизнис муабети на Фактор, ова го открива поранешниот премиер, а сега бизнисмен кој се занимава со градежништво, Љубчо Георгиевски.
Тој вели дека се приказни за мали деца обвинувањата дека неговиот бизнис е проширен во Бугарија, впрочм, како што вели, никаде нема бизнис.
„Во Бугарија немам никаков бизнис, ама буквално никаков. И всушност, никаде во друга држава немам бизнис“, вели Георгиевски, додавајќи дека тоа го тврди најодговорно.
Тој вели дека општините во Македонија на градежните бизнисмени им наплаќаат по милиони евра за комуналии, а потоа не ги даваат потребните услуги.
Целиот поткаст можете да го погледнете тука.
Слично
