Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Бугарија едногласно ратификуван пристапниот Протокол на Македонија во НАТО

Во Бугарија едногласно ратификуван пристапниот Протокол на Македонија во НАТО

Со 140 гласа „за“ бугарското Собрание го ратификуваше пристапниот Протокол за прием на Македонија во НАТО.

Со тоа Бугарија е четвртата земја која го одобрува членството на Македонија во Алијансата, по Грција, Словенија и Албанија. Останува истото да го сторат уште 25 земји-членки, а според најавите следна е Црна Гора.,

Како гостин во народното Собрание беше и претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери, а говор одржа и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Единствени кои беа против од парламентарните групи беше Бугарската социјалистичка партија чии пратеници не беа присутни во салата.

Слично

Поврзани вести