Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Брисел постои сценарио според кое Македонија може да влезе во ЕУ, но без право на глас?

Во Брисел постои сценарио според кое Македонија може да влезе во ЕУ, но без право на глас?

Постои можност Македонија да влезе во Европската Унија на почетокот на 2027 година, без право на глас. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Канал 5, одговарајќи на прашањето дали ЕУ има некаква алтернатива за земјава, со оглед на закочените евроинтеграции.

„Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане земја членка на ЕУ и тоа да се случува на почетокот на 2027 година – да седне на масата, да се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Да учествуваме во работата на советот, комисиите, телата, но без право на глас со многу внатрешни контролни механизми. Како ќе ги затвора поглавјата, земјата постепено да се интергрира сè додека целосно не го адаптира својот систем на она што го бара Европската Унија“, изјави Мицкоски.

Додаде дека во оваа смисла треба да бидат исполнети два задолжителни услови. Првиот, како што рече Мицкоски, земјава го има исполнето прва во регионот, а тоа е заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ. Вториот услов е владеење на правото. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести