ВО БОЛНИЦИТЕ САМО ЕДЕН ПАЦИЕНТ НА РЕСПИРАТОР: Новозаразените се со лесни симптоми
Корона вирусот ја
губи силата, покажуваат анализите. Во земјава од вкупниот број хоспитализирани
пациенти кој изнесува 324, само еден пациент е на респираторен апарат на
болничко лекување во ГОБ „8 Септември“. Многу помел е и бројот на новопримени
пациенти во сите болници во земјава, со исклучок на штипската Клиничка болница,
каде денеска бројот на хоспитализирани е дури 63, за разлика од останатите
Ковид –центри, каде бројот се намалува, односно има повеќе испишани пациенти,
отколку примени.
Ова се должи пред се поради тоа што новозаразените имаат многу полесни симптоми на болеста од претходно. Инаку, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.
