Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти

Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти

Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти, објави денеска Министерството за здравство. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2. 

Има 2 починати и 56 оздравени. 

Слично

Поврзани вести