Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО БОЛНИЦАТА ВО ШТИП НА ФИЗИКАЛНА СИТЕ ТРОЈЦА ЛЕКАРИ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД - Георгиев: Таму засега мора да ја прекинеме работата

ВО БОЛНИЦАТА ВО ШТИП НА ФИЗИКАЛНА СИТЕ ТРОЈЦА ЛЕКАРИ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД - Георгиев: Таму засега мора да ја прекинеме работата

На одделот за Физикална терапија во болницата во Штип сите тројца лекари се позитивни на ковид. 

„Таму ќе мора да ја прекинеме работата. Ќе се снаоѓаме со пациентите што имаат потреба“, изјави за медиумите д-р. Ален Георгиев, директор на штипската опшат болница. 

Заразени здравствени работници има и на кардиологија и сега се очекуваат резултатите од тестовите на здравствените работници.

Тој вели дека не може да се обвинува менаџментот зошто има заболени во штипската болница.

„Ние не сме уникатни во светот. Здравствените работници се први на удар, работат со ковид пациенти, па нормално е да имаме и заразени здравствени работници. Наша цел е бројката да биде што е можно помала. Сите ги почитуваат протоколите, сите ја имаат личната заштитна опрема. Тоа се луѓе кои имаат живот и после работното време и не е битно кој каде се заразил“, вели д-р. Георгиев.

Вели дека оваа болница такви проблеми имала и порано. 

„Еве сега имаме такви проблеми и на физикална медицина и кардиологија. Спроведуваме се она што го кажа епидемиологот, кој треба да се тестира, кој да оди во изолација, значи сите што треба се тргнати на страна, а наше е да превенираме. По тестирањето ќе знаеме кој ќе се врати на работа. За клиниката на Кардиоплогија веќе упативме писмо до сите околни здравствени установи да ги препраќаат, се додека, јас се надевам дека брзо ќе ги имаме резултатите, и за два три денса ќе се врати голем дел од персоналот, и кардиологија ќе продолжи да функционира како што треба“, вели доктор Георгиев.

Инаку, во штипската болница се уште има слободни места за лекуцвање на ковид пациенти. 

„Иако, во споредба со пред десетина дена порасна бројката на хоспитализирани пациенти од ковид 19. Ако тогаш бројката се движеше околу 30 пациенти на дневно ниво, сега отидовме над 40 пациенти, што е раст за околу 35 проценти во однос на она што сме го имале во изминатите два месеци. Очекуваме дека ќе порасне бројката на хоспитализирани, но ние сме подготвени за тој нов бран. Има околу една третина што се со потешка клиничка слика“, рече директорот на штипксата болница. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести