Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во болницата во Штип и над 100 прегледи дневно: Огромна е потрошувачката на кислород, вели директорот Георгијев

Во болницата во Штип и над 100 прегледи дневно: Огромна е потрошувачката на кислород, вели директорот Георгијев

Во Клиничката болница во Штип се прават и повеќе од 100 прегледи дневно, вели за Фактор директорот д-р Ален Георгиев, кој истовремено посочува дека во последниот период евидентна е огромна потрошувачка на кислород.

-Не се соочуваме со недостиг на кислород, за среќа, но во последниов период имаме енормна потрошувачка. 56 пациенти од вкупно 86, колку што се сместени во овој Ковид-центар, се на кислород. Во модуларната болница имаме и централен довод на кислород, а таму се сместени 47 пациенти кои имаат тешка клиничка слика и сите се зависни од кислород, вели тој.

Истовремено најави дека зголемата потрошувачка на кислород, од Управниот одбор денеска ќе побара итна набавка на дополнителен резервоар на кислород.

Инаку, состојбата во Клиничката болница во Штип е сериозна и само во последното деноноќие починаа пет пациенти.

А.Б.

Слично

Поврзани вести