Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО БЛИЗИНА НА РЕСЕН: Meчка е ослободена откако се фатила во стапица

ВО БЛИЗИНА НА РЕСЕН: Meчка е ослободена откако се фатила во стапица

Стручни лица ослободија мечка фатена во замка во близина на Ресен. 

Регионалниот ЦУК Битола, соопшти дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен).

Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.

ЦУК веднаш ја извести Граничната полиција Маркова Нога, Полициска станица Ресен, Концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.

По интервенцијата на надлежните служби од Концесионерот -Ловното друштво, со присутен ветринар, од НП „Пелистер“ и од полицајци од МВР мечката е успиена и безбедно ослободена.


Слично

Поврзани вести