Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Благоевград ќе се отвори клубот „Никола Вапцаров“, градоначалникот се премисли

Во Благоевград ќе се отвори клубот „Никола Вапцаров“, градоначалникот се премисли

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов се премисли и дозволи отворање на клубот „Никола Вапцаров“. 

Клубот ќе биде отворен на 30 октомври. На свеченоста, според соопштението,  поканети се и првите луѓе на македонската и на бугарска влада.

Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, а ќе има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот, велат организаторите на настанот.

Претходно, локалните власти забранија отворање на македонски културен клуб. Македонците од Бугарија реагираа на ваквата одлука и прашуваа зошто е спорен клуб  кој носи име на поет. 

Слично

Поврзани вести