Во БЕСА врие откако Адеми си ја вработил сестрата во АД ЕЛЕМ
Во членството на движењето Беса вриело откако дознале дека министерот за култура Асаф Адеми ја вработил неговата сестрата во Електрани на Македонија, објави, Тeтовасот.
Активисти на владиниот коалиционен партнер, од чии редови доаѓа Адеми, се почувствувале запоставени поради непотистичките приоритети на министерот за култура, откако дознале дека сестрата добила работно место во АД ЕЛЕМ.
Одтаму Општинскиот советник на од редовите на Беса, Телат Фетаи ја вработил неговата жена во општина Гостивар. Тие, исто така, објавија дека Емерли Асани, член на Централниот совет на движењето Беса, ја вработил неговата жена во Палатата на културата во Гостивар.
Ова не е прв случај со вработување на своја сестра на еден владин министер, откако претходно беше обелоденет таков случај со Крешник Бектеши, раководител на ресорот економија. Тој потврди дека неговата сестра се вработила во АД МЕПСО, но дека не влијаел на тоа.
