Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Берово почина здравствен работник, во тек хуманитарна акција за собирање средства за помош

Во Берово почина здравствен работник, во тек хуманитарна акција за собирање средства за помош

Двајца здравствени работници-сопружници од Берово по позитивен тест на корона по повеќе од 48 часа биле примени во болница, при што жената на 57-годишна возраст починала откако и се искомплицирала здравствената состојба. 

Нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба, а позитивен на Ковид-19 е и нивниот син кој е без симптоми.

За помош на семејството во тек е хуманитарна акција за собирање парични средства, бидејќи се работи за исклучително пожртвувани здравствени работници.

Во Берово заклучно со денешниот ден има 8 активни случаи кои се позитивни на Ковид-19. 


Слично

Поврзани вести