Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Берово има двајца заразени со коронавирусот

Во Берово има двајца заразени со коронавирусот

Во Општина Берово има двајца заразени со коронавирусот. 

Надлежните институции иформираат дека двајцата пациенти се во добра здравствена состојба.

„Претходниот пациент е во добра здравствена состојба и наскоро се очекува да биде регистриран како оздравен. Што се однесува до новиот случај се работи за жител од повозрасната категорија граѓани. Се надеваме дека и покрај возраста добро ќе го поднесе вирусот“, велат од Здравствен дом – Берово.

Во Берово од почетокот на пандемијата досега беа регистрирани 5 случаи, од кои еден пациент почина. Во општините од опкружувањето во Пехчево повеќе од две седмици не се регистрирани позитивни пациенти на вирусот. И во Делчево нема позитивни пациенти на коронавирусот.

Денес во Македонија има нови 119 случаи на заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести