Во Белимбегово се нуди градежно земјиште
Две градежни парцели за изградба на индустриски објекти во стопанскиот комплекс Белимбегово нуди на продажба општина Илинден.
Првата e со површина од 87.065 метри квадратни и е наменета за откупно – дистрибутивен центар за земјоделски производи. А втората е со големина од 19.334 метри квадратни и е наменета за лесна и незагадувачка индустрија.
Почетната цена на понуденото земјиште изнесува 61 денари од метар квадратен за првата, односно 148 денари од метар квадратен за втората парцела.
Електронската јавна лицитација ќе се одржи на 4 јуни. Заинтересираните за учество треба да ги достават своите пријави најдоцна до 30 мај. По склучениот купопродажен договор, најповолниот понудувач ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди одобренија за градење на предвидените објекти. Во стопанскиот комплекс Белимбегово веќе успешно функционираат неколку индустриски капацитети, пишува порталот Build.
Слично
