ВО БЕГСТВО БЕЗ ПАСОШ: Ако ја напуштил Унгарија, каде е тогаш Груевски?
Според уште непотврдени информации, Груевски ја напуштил Унгарија, изјавил висок неименуван претставник од ВМРО ДПМНЕ за бугарската агенција Фокус, пишуваат регионалните медиуми.
Крајна дестинација за поранешниот премиер кој е во бегство, како се наведува се Русија или Турција.
Груевски, осуден на двегодишна затворска казна, на 11 ноември од Македонија, според официјални информации, избегал преку Албанија и Црна Гора со унгарско дипломатско возило.
Почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, на кој лани му се одземени приватниот и дипломатскиот пасош поради судски постапки, како што сам објави ан Фејсбук избегал во Унгарија каде бара политички азил.
Слично
