Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени се непријавени скоро 35.000 евра

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени се непријавени  скоро 35.000 евра

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени се непријавени речиси 35.000 евра. 

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија.

Според информациите од полицијата, автобусот го возел 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште.

При прегледот на автобусот, во приколката се пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти полицијата, не постоела соодветна документација и дозволи за транспорт.

Дополнително, при контрола кај еден од патниците – 20-годишниот Ф.И. од Теарце – се пронајдени пет пликоа со различни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра.

Од МВР велат дека парите биле внесени преку Граничниот премин Табановце без да бидат пријавени, а патникот не поседувал документација за сопственост и потекло на средствата.

Возачот и патникот се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, како и прекршување на Законот за девизно работење.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото МВР

Слично

Поврзани вести